Чек дис аут

Ранчот на Мајк Тајсон месечно заработува по 500.000 долари од марихуана

15. август 2019 - 11:27 | Б.С.Б.

Откако поранешниот светски шампион во тешка категорија, 53-годишниот Мајк Тајсон отвори ранч за марихуана, замислен како засолниште за луѓето кои сакаат да одморат и да се опуштат додека имаат пристап до марихуана, сега е познато и колку заработува од него.

Во интервју тој изјави дека пуши марихуана во вредност од 40.000 долари месечно. Вреди да се истакне дека Тајсон одговори во множина па веројатно мислеше за тоа колку марихуана пуши со пријателите или неговиот персонал, што е пологично.

Низ неговиот ранч во пустината Мохаве месечно минува околу 10 тони марихуана. За побарувачките во Калифорнија и Лас Вегас продава производи од марихуана во вредност околу 500.000 долари. Тајсон се надева дека неговиот целосно довршен ранч од 164 хектари ќе биде дел од низа туристички атракции, вклучувајќи го и фестивалот Kind Music.

На ранчот Тајсон планира да изгради ресорт инспириран од марихуана со хотел, амфитеатар и слично.

Погледнете го неговото интервју со раперот Џим Џоунс:

 

 

Коментирај