Распродадени билетите за денешниот дуел Вардар-Барселона

Скопје, 11 ноември 2018 (МИА) – Екипата на Вардар денеска од 17 часот игра со шпанска Барселона во дербито на 7 коло на групата „А“. СЦ „Јане Сандански“ е распродадена, а првпат сезонава беа пуштени во продажба и билети за стоење.

Победникот од овој дуел ќе се најде сам на врвот на табелата, а со реми и двете екипи би биле на првите две места.

– Екипата е подготвена. Одлично тренираме и подготвени сме за мечот. Ќе има многу тактика на мечот зашто доаѓа тим кој игра добро во двата правци. Сите се возбудени пред натпреварот со Барселона, која е одличен тим. За квалитетот на екипата на Барселона не треба многу да се зборува. Тоа е тим кој секогаш е на ниво на задачата и претендира кон пласман на Ф4 во Келн. Барселона сезонава игра подобро од лани и сигурно ќе не очекува тежок и неизвесен натпревар. Мораме да одиграме интензивно и да се бориме максимално и нијанси ќе го одлучат победникот, изјави тренерот Роберто Парондо на пресот пред мечот.

Вардар ја има најдобрата одбрана во моментов во Лигата на шампионите. „Црвено-црните” примија само 155 гола на шест средби. Имаат гол разлика од „плус 18“.  Барселона од друга страна го има најдобриот напад и најдобрата гола разлика, од „плус 41“.

На дуелите во Скопје само еднаш победил Вардар, и тоа лани со 27-24, додека еден натпревар заврши со реми, 29-29. Најважниот триумф за вардарци сепак е во 2017 година на Ф4 турнирот кога во полуфиналето на ЛШ остварија триумф со 26-25.

Од 2013 година, македонскиот тим одиграл седум средби со Барселона, и запишал две победи, едно реми, и четири порази.

Пред СЦ „Јане Сандански“ ќе има фан зона, со многу забава, музика и шанса за дружење. Таа ќе биде отворена од 15 часот па сѐ до почетокот на натпреварот. Таму ќе бидат пречекани ракометарите и ќе им се даде поддршка пред влегувањето во салата каде сигурно ќе има неверојатна атмосфера.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе