Развиен сензор кој детектира кога децата се заборавени во автомобил

Канадските научници развија сензор кој детектира кога децата се оставени сами во автомобилот, а потоа се активира алармот.

Сензорот ја користи технологијата која се користи за радари и вештачката интелигенција за активирање аларм кога децата подолго време се оставени во автомобилот. 

Тимот кој го направи овој сензор тврди дека работи со сто процентна прецизност.

Сензорот е со големина од 2,5 сантиметри, а ќе се вгради на ретровизорот. Неговите сигнали ќе се рефлектираат на децата во автомобилот, а вештачката интелигенција ќе ја анализира ситуацијата и ќе востанови дали е потребно да се активира алармот, велат научниците од Универзитетот Ватерло во Канада.

Тие истакнаа дека сензорот ќе спречи за да се заклучат вратите на автомобилот, а кога ќе се активира ќе биде доволно гласен да ги предупреди луѓето и возачите кои се наоѓаат во близина.

Овој сензор го решава проблемот кој е присутен на глобално ниво. Системот е евтин и достапен, па може да стане и дел од стандардната опрема во сите автомобили.

„За разлика од камерите, сензорот не ја загрозува приватноста. Тој продира преку седиштата и го детектира детето“, додаваат научниците.

Секоја година, во САД умираат најмалку 37 деца заборавени во автомобили, а оваа година се забележани дури 52 вакви случаи. Да се потсетиме дека летово и во Скопје, деца се оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Полицијата по реакција на граѓани ги извади од возилото и тие беа однесени во Клиничкиот центар во Скопје. За среќа, децата беа во добра здравствена состојба. 

Сензорот ќе се најде на пазарот кон крајот на 2020 година. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе