Реакции на грчките опозициски партии за говорот на Мицотакис во Солун во однос на Договорот од Преспа

Атина, 9 септември 2019 (МИА) – Дел од грчките опозициски партии упатија остри критики до премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис за неговиот говор на отворањето на Меѓународниот саем во Солун во саботата вечерта, како во однос на ставовите за економската политика, така и за Договорот од Преспа, jави дописничката на МИА од Атина.

Од СИРИЗА велат дека Мицотакис во пракса ја призна потребата од почитување на Договорот од Преспа, од МЕРА25 коментираат дека „изненадува молкот на грчкиот премиер“, а од Грчко решение, дека Владата го „предала светото име Македонија на Скопјаните“.

-Господинот Мицотакис од Солун, од Меѓународниот саем во Солун, во опширен говор од околу 7.000 зборови не најде ниту еден збор да каже за македонското прашање, ниту еден збор за Договорот од Преспа, а во изминатиот период се појавуваше како „македономахос“ (борец за Македонија н.з.). Сега по изборите, се чини дека има одлучено дека Договорот од Преспа сепак не е предавнички како што велеа предизборно членовите на Нова демократија, туку е договор што треба да се почитува без отстапки, како и што велат министрите во писмата што ги испраќаат до нивните колеги од Северна Македонија, рече портпаролот на СИРИЗА, Алексис Харицис во интервјуто за радиото „Параполитика“, коментирајќи го говорот на Мицотакис во саботата.

Од МЕРА25, партијата на поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, наведуваат дека молкот навистина изненадува ако се земе предвид патриотската пасија со која предизборната Нова демократија беше во сеопфатната борба против договорот.

– Единственото споменување во неговиот говор се однесуваше на македонските производи и нивната заштита! Партиската јавност на Киријакос Мицотакис не изгледаше изненадена од оваа бучна тишина. Ако нешто ни покажува сето ова е токму хипокризијата на премиерот од една страна и инструментализацијата на чувствителното прашање за северна Грција од друга страна, со единствена цел победа на изборите, соопштуваат од МЕРА25.

Од десничарски ориентираната партија Грчко решение велат „Господине Мицотакис, вие можете да ги остварите вашите контакти со странците, но грчкото општество сфати! „Ја продадовте“ Македонија за премиерската фотелја“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе