Живот

Реакцијата на Мел Гибсон за време на говорот на Мерил Стрип стана хит на интернет

11. јануари 2017 - 15:23 | Б.С.Б.

Во текот на доделувањето на Златните глобуси, познатата актерка Мерил Стрип одржа говор во кој го критикуваше новиот американски претседател Доналд Трамп и некои негови постапки. Нејзиниот емотивен говор ја подели американската јавност, но и холивудските актери.

По говорот Трамп возврати, нарекувајќи ја приврзаничка на Хилари Клинтон.

На YouTube е објавено видео од реакцијата на познатите актери Мел Гибсон и Винс Вог, кои судејќи според изразот на нивните лица, не беа баш воодушевени од нејзиниот говор.

Loading the player...

Но, еве како реагираа луѓето на интернет на оваа тема:

Коментирај