Иако инаугурацијата на Доналд Трамп се случи пред четири дена, овој настан се уште привлекува многу внимание. со оглед на тоа дека на самиот пренос не можеше да се видат сите детали, корисниците на социјалните мрежи сега вадат интересни моменти.
На едно од видеата се гледа новата прва дама на САД, Меланија Трамп, која привлече многу внимание со својата реакција.
Додека Трамп и се обраќа, таа изгледа многу среќно и насмеано, но во моментот кога ќе го сврти грбот, таа целосно го менува расположението. Не се знае што и кажал Трамп, но извесно е дека насмевката упатена на новиот претседател или пак на камерите, изгледа многу вештачки.
— Marv (@Marv_Vien) January 23, 2017