Реал замената за Анчелоти ја најде во Бундеслигата

Италијанскиот стручњак на крајот на сезоната ќе го напушти Реал и ќе стане селектор на Бразил, а Radio Marca пренесува дека мадридскиот клуб веќе го пронашол неговиот наследник.

Имено, нов тренер на Реал ќе биде Шаби Алонсо, Баскиец кој сега успешно го води Баер од Леверкузен.

Алонсо одигра 246 натпревари за мадридскиот клуб и со него освои сѐ што може да се освои, а многумина го сметаат за еден од најголемите играчи од средниот ред во историјата на Реал. Пред да дојде во Реал настапуваше за Ливерпул, Реал Сосиедад, како и за Еибар на позајмица.

Во 2014 година го напушти мадридскиот клуб и замина во Баерн, а три години подоцна ја заврши играчката кариера и веднаш потоа стана тренер во помладите категории на Реал.

За репрезентацијата на Шпанија одигра 114 натпревари и постигна 16 голови, а стана светски шампион во 2010 и европски во 2008 и 2012 година.

Кралскиот клуб ќе мора да му плати отштета на Баер за Алонсо бидејќи Шпанецот има договор со германскиот клуб до 2026 година.

URL

По пет одиграни натпревари Баер го дели првото место во Бундеслигата со Баерн, бидејќи двата тима имаат по 13 освоени бода.

Од друга страна, Реал на Анчелоти по шест одиграни натпревари има освоено 15 бода и е на третото место во Ла Лига.

Правилниот изговор на неговото име всушност е Шаби (скратено од Шабиер), а во Македонија одамна е погрешно познат како Чаби.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Фудбал

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Read more

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе