Фудбал

Ребиќ дебитираше на победничка средба за Милан

16. септември 2019 - 8:39 | А.С.

Милан се мачи на почетокот на сезоната, но победува.

По минималната победа нас Бреша, „росонерите“ со ист резултат славеа кај Верона (0:1) во третото коло о Серија А, па во добро расположение го чекаат миланското дерби против лидерот Интер следната сабота.

Единствениот гол на средбата на која Хрватот Анте Ребиќ дебитираше во дресот на Милан, го постигна Кжиштоф Пјонтек, од пенал во 68-та минута.

Верона играше со фудбалер помалку од 21. минута кога беше отстранет Мариуш Стемпински. На самиот крај на средбата, црвен картон доби и гостинскиот играч Давид Калабрија.

Милан со шест бода се наоѓа на 7. место, додека Верона досега собра четири бода и е 11-та.

Коментирај