Медитерански деликатес од грашок и компири со месо кој е едноставен за подготовка.
Грците знаат како да направат вистинско летно јадење, кое заситува, а не е тешко за варење. Гулашот од грашок и компири се подготвува брзо, а е многу вкусно. За подобро уживање комбинирајте го со интегрален леб и сезонска салата.
Потребни состојки:
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- ¼ шолја маслиново масло
- 450 гр замрзнат грашок
- 2 компири
- 450 мл доматен сос
- 1 шолја вода
- 1 лажичка зачин
- 1-2 лажици свежо нане
- малку мелена пипер
Подготовка:
Исечкајте го кромидот е пропржете го додека не омекне, па додадете толчен лук и оставете на оган уште некоја минута. Потоа додадете сечкани компири, доматен сос, вода, посолете и побиберете. Посипете со мелена пипер и измешајте. Кога ќе проврие намалете ја температурата и варете уште 15 минути. Додадете грашок и гответе уште 5 минути. На крајот зачинете и ставете сечкано нане, па повторно промешајте.
Јадењето има најдобар вкус ако се остави да отстои најмалку 45 минути.