Рецепт на денот: Мафини со тиквички и пченкарно брашно

Многу вкусни мафини со тиквички, идеални за појадок или ужина.

Потребно е:

2 средни тиквички
3 јајца
50 г сирење
неколку парчиња шунка
100 г кашкавал (ајдамер, гауда,…)
3-4 лажици меко брашно
3-4 лажици пченкарно брашно
сол, бибер
италијанска мешавина на зачини
малку прашок за пециво

Подготовка:

– Тиквичките излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Посолете ги и оставете ги да пуштат течност.

– Во еден сад ставете ги издробеното сирење, ситно сецканата шунка, јајцата, ренданиот кашкавал, малку прашок за пециво, сол, бибер и мешавината на зачини. Убаво измешајте.

– Сега додадете ги двата вида брашно и повторно убаво измешајте. На крај додадете ги изренданите и исцедени тиквички и измешајте. Ако има потреба додадете уште малку брашно.

– Калапите за мафини премачкајте ги со малку путер и наполнете ги до пола со горната смеса.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути. Некаде пред крај на печењето покријте ги со хартија за печење за да не се препечат.

– Оставете ги малку да се изладат и сервирајте ги.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Read more
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе