Рецепт на денот: Слатка пита со суво грозје

Миризлива и неверојатно вкусна.

Потребно е:

600 г брашно
30 г свеж квасец
2 лажици шеќер
1/2 лажичка сол
1 јајце
1 жолчка
5 лажици масло
200 мл млеко
200 мл вода

за филот:

4 лажици нерастопена свинска маст
4 лажици прав шеќер
3 жолчки
сок од еден лимон
200 г суво грозје

Подготовка:

– Во еден сад во 100 мл млако млеко растопете ги квасецот и шеќерот и оставете го на топло место да стаса.

– Во друг сад ставете ги сите останати состојки и на крај и стасаниот квасец. Замесете меко тесто кое не треба да ви се лепи на рацете, но не треба да биде тврдо. Оставете го малку да порасне па повторно премесете го. Оставете го да нарасне уште еднаш.

– Сега подгответе го филот. Во еден сад изматете со миксер 4 лажици маст и 4 лажици прав шеќер и постепено додадете 3 жолчки и сок од еден лимон.

– Стасаното тесто развлечете го на набрашнета работна површина. Премачкајте го со филот и посипете со 200 гр суво грозје кое претходно сте го потопиле во млака вода 5-6 минути и сте го исцедиле.

– Завиткајте го како ролат и поделете го на два дела. Од секој дел едниот крај од ролатот земете го во рака, а другиот дел со другата рака завиткајте го како спирала.

– Ставете го во тава на хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени 30-тина минути.

– Печената пита оставете ја да се излади, па пресечете ја на парчиња и посипете со прав шеќер.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Read more

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Read more

Традиционално католичко велигденско лепче со суво грозје

Read more

За посни гурмани: Похувана риба во слатко-кисел сос

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе