Рецепт на денот: Сок од кајсии

Со овој рецепт ќе имате на располагање свеж сок од кајсии во секој момент.

Потребно е:

1 кг кајсии
1 кг шеќер
сок од 1 поголем лимон

Подготовка:

– Кајсиите измијте ги, исчистете ги од семките, исечете ги на четвртинки и ставете ги во едно подлабоко тенџере.

– Сипете шеќер над кајсиите и оставете ги да отстојат преку ноќ.

– Следниот ден ставете ги на рингла да се варат на висока температура, а потоа намалете ја температурата и варете ги со повремено мешање околу 20 минути.

– Тенџерето тргнете го од рингла и оставете да се излади. Кога потполно ќе се излади додадете го сокот од лимон.

– Добиената смеса ставете ја во блендер и убаво сомелете ја во густа хомогена маса.

– Добиената смеса за сок поделете ја во мали кесички за замрзнување и ставете ги да се замрзнат.

– Вадете по едно кесиче од замрзнувач, ставете го во стаклен бокал и додадете вода или минерална вода во зависност од тоа колку сакате да биде сладок сокот.

– Може да додадете и сок од лимон и коцки мраз.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе