Рецепти

Рецепт за љубителите на есента: Рижото со тиква

4. септември 2019 - 15:52 | М.С.

Ако сте љубители на вкусот на есента, пробајте го овој рецепт за рижото со тиква.

Состојки:

300 гр. ориз

500 гр. тиква

Три помали главици кромид

Пет чешниња лук

Коцка супа од зеленчук

1 дл. бело вино

Сол, бибер

Маслиново масло

Жалфија

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Излупете ја тиквата и исечете ја на коцки. Ставете ја во тава и полијте со маслиново масло. Насолете со сол и бибер и печете околу 30 минути додека да омекне.

За тоа време, во поголема тава загрејте маслиново масло и додајте го исецканиот кромид. Пржете на средна температура и наросете малку шеќер, за да го убрзате процесот на карамелизација.

Кога кромидот ќе ја добие посакуваната боја, додајте ситно исецкан лук и жалфија. Полијте со вино, динстувајте неколку минути за да испари алкохолот, а потоа ставете го оризот.

Коцката за супа растворете ја во 500 мл. вода и сипете ја врз оризот, па полека мешајте. Тајната на доброто рижото постепено додавање на течноста и лесното мешање, па затоа бидете трпеливи.

За ова јадење ќе ви требаат околу 20 минути.

Коментирај