Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Реднап со Садам Хусеин објасни зошто Покетино треба да дојде во Арсенал

21. ноември 2019 - 11:46 | Ф.З.

Поранешниот тренер на Тотенхем употреби интересна аналогија објаснувајќи ја причината поради која аргентинскиот стратег треба да застане на кормилото на Арсенал.

Доколку Арсенал одлучи да ја прекине соработката со Унаи Емери, во тој случај треба сериозно да размислат за ангажман на Маурисио Покетино кој е тазе отпуштен од Тотенхем. Така смета Хари Реднап.

„Има лондонски клубови на кои им оди лошо сезонава. Зошто да не оди во Арсенал доколку сака? Мислите дека на навивачите на Арсенал би им пречел“, вели Реднап за talkSPORT.

„Тие би го сакале дури и Садам Хусеин доколку отиде таму и почне да победува. На навивачите не им е гајле кој е тренер, важно им е тимот да остварува добри резултати“.

Неретко се случувало тренери играчи кои долги години биле кај еден клуб потоа по сплет на околности да завршат кај локален ривал.

„Во фудбалот се случува тоа. Сол Кембел од Тотенхем отиде во Арсенал. Такво нешто направија и Џорџ Грем, Тери Нил и Пат Џенингс, оден од нашите најдобри голмани во историјата, дури и тој направи таков потег“, објаснува Реднап.

На Емери во Арсенал сезонава не му оди добро. Не толку лошо како на Покетино во Тотенхем бидејќи „Топчиите“ се шести, но се во серија од 4 натпревари без победа и 17 бодови заостанување зад лидерот Ливерпул и 8 зад последното место кое води во Лигата на шампиони.

Коментирај