Кошарка

Реј Ален потпиша за Мајами Хит

7. јули 2012 - 15:42 | Kајгана/Макфакс

Најдобриот шутер за три поени во историјата на НБА лигата, Реј Ален, кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот првак Мајами Хит.

Според американските медиуми Ален во Мајами ќе заработува 3,1 милиони долари по сезона, што е двојно помалку од она што му понуди Бостон. Ветеранот, минатата сезона имаше просек од 14,2 поени, 3,1 скок и 2,4 асистенции по натпревар.

Ален кој на 20-ти јули ќе наполни 37 години, во НБА кариерата во просек по натпревар има учинок од 20 поени, 4,2 скока и 3,6 асистенции.

Ален беше избран од страна на Минесота како петти пик на драфтот во 1996 година. Минесота веднаш го пресели во Милвоки, каде што играше до 2003 година кога се пресели во Сиетл. Четири години подоцна Ален пристигна во Бостон со чија екипа во 2008 година го освои шампионскиот прстен.

Со 2.718 постигнати тројки тој е најдобриот во лигата на сите времиња, зад него е Реџи Милер со 2.560, додека трет е Џејсон Кид со 1.874 тројки.

Коментирај