Македонија

Река на централен митинг во Тетово, Сиљановска во Крива Паланка, Пендаровски во Гевгелија

18. април 2019 - 8:18 | МИА

Скопје, 18 април 2019 (МИА) – Кандидатот за претседател Блерим Река, кој ја има поддршката од Беса и Алијансата за Албанците, денеска ќе го одржи централниот митинг, а за град во кој ќе се одржи главниот настан во неговата кампања пред првиот круг од претседателските избори е избран Тетово.

Другите двајца кандидати на овие шестти претседателски избори продолжуваат со активностите во рамки на изборната кампања. Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова ќе ја промовира својата претседателска кандидатура во Кратово и Крива Паланка, додека Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата ќе ги посети граѓаните во Валандово, Дојран, Богданци, а во Гевгелија ќе се одржи отворена граѓанска трибина.

Кампањата за првиот круг од изборите е при крај, официјално почна на 1 април, ќе трае до 19 на полноќ, по што следува 24-часовен изборен молк. Во недела на 21 април гласачите ќе излезат на избирачките места и ќе гласаат во првиот круг од претседателската трка.

Коментирај