Книги

Река од 10.000 книги по улиците на Торонто

2. ноември 2016 - 14:11 | Б.С.Б.

„Литература наспроти сообраќај“ е уметничка инсталација која ги преплави улиците на Торонто со книги, а крајниот резултат е незаборавен. Инсталацијата е дел од уметнички фестивал, а книгите се донација.

Повеќе од 50 доброволци работеа 12 дена за да ги пополнат улиците со книги. Посетителите имаа можност да си одберат книги и да ги носат дома. Нивната заинтересираност кажува многу, со огледа на тоа што инсталацијата траела само околу 10 часа.

Коментирај