Рекламата на Budweiser ја подели Америка
Новата реклама на Budweiser за Супербол ја открива приказната за мигрант кој заминал од Германија во САД за да го исполни својот сон за успех во животот. Рекламата со наслов „Born the Hard Way“ ги подели мислењата на Американците.
Во неа станува збор за еден од основачите на компанијата, кој во 19 век со брод заминал за Америка. Некои се налутени поради нејзината порака и ја сметаат како напад за Трамп. На други пак рекламата им се допаѓа, така што мислењата се поделени.