Рекордни цени на нафтата

На глобалните берзи цените на нафтата пораснаа и минатата недела, вторпат по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа годинава бидејќи најголемите светски производители решија да го задржат намаленото производство.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 2,4 отсто, на 90,65 долари, што е највисоко ниво од ноември минатата година.

На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 2,9 отсто, на 87,50 долари, што е највисоко ниво од септември минатата година. Порастот на цените втора недела по ред е резултат на одлуките на Саудиска Арабија и Русија за намалување на производството. Саудиска Арабија минатата недела објави дека ќе го намали производството за 1 милион барели дневно до крајот на годината, што ги изненади трговците кои очекуваа дека ќе ја продолжи одлуката за намалување на понудата само до крајот на октомври.

Од друга страна, Русија одлучи да го намали извозот за 300.000 барели дневно до крајот на годината. Со намалување на производството, овие земји се обидуваат да одржат покачени цени на нафтата, имајќи предвид дека побарувачката слабее поради забавувањето на растот на најголемите светски економии.

Аналитичарите очекуваат дополнително слабеење на побарувачката

Трговците се надеваа на поголема побарувачка од Кина, откако беа укинати рестриктивните мерки за коронавирус на почетокот на годината. Сепак, закрепнувањето на втората по големина светска економија од кризата со корона е многу побавно од очекуваното. Забавува и растот на западните економии, бидејќи централните банки веќе година и пол ги зголемуваат каматните стапки со цел да ја потиснат инфлацијата.

Јасно е, велат аналитичарите, дека поради ова се очекува дополнително слабеење на побарувачката на нафта, па затоа се разбирливи одлуките за намалување на производството на најголемите светски производители за да се поддржат цените.

По растот две недели по ред, цените на нафтата се повисоки отколку што беа на почетокот на годината. Во однос на почетокот на годината, цената на барелот на лондонскиот пазар поскапе за повеќе од 5 отсто, а на американскиот пазар за речиси 9 отсто.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе