Останати спортови

Рели Дакар: Доминација на Пежо

5. јануари 2017 - 12:15 | Макфакс

Трикратната победа на возачите на Пежо кај автомобилистите ја обележаа третата етапа на релито Дакар.

Возачите на Пежо, кај автомобилистите, доминираа на 780 километри долгата етапа од Сан Мигел де Тукуман до Сан Салвадор де Хуи. Победи Стефан Петерхансел, пред Карлос Саинц и Себастијан Леб.

Од друга страна, третата етапа нема по добро да ја паметат возачите на Тојота Ал Атијах, Нани Рома, Жињел де Вилије и Ерик ван Лон. Четворицата се соочија со прблеми поради кои загубија повеќе од еден час.

Третата етапа кај мотоциклистите му припадна на членот на Хонда, Хоан Бреда, додека водечкиот во вкупниот пласман Тоби Прајс заврши на четвртото место.

Четвртата етапа е долга 521 километар, а ќе се вози од Сан Салвадор де Хуи до Туписа.

Коментирај