Репортери без граници: Во 2018 година во светот убиени се 80 новинари

Берлин, 18 декември 2018 (МИА) – Најмалку 80 новинари се убиени годинава во светот поради нивната работа, објави невладината организација Репортери без граници.

Повеќе од половината убиени новинари се во пет држави – Авганистан, Сирија, Мексико, Јемен и Индија, се наведува во годинешниот извештај објавен во Берлин.
Според податоците, 15 новинари се убиени во Авганистан, 11 во Сирија, девет во Мексико, осум во Јемен и шест во Индија.

Во извештајот се посочува и дека шест новинари годинава страдале во САД, од кои четворица загинаа при нападот врз весникот „Капитал Газете“ во Мариленд.

Репортери без граници посочуваат и дека 348 новинари во светот се во затвор. Најголем број затворени новинари има во Кина (60), потоа следат Египет (38), Турција (33), Иран (28) и Саудиска Арабија (28).

Во светот во последните десет години убиени се 702 новинари.

Новинарите кои ги следат вооружените судири во светот се изложени на најголем ризик, но исто толкав број се убиени и надвор од вооружените судири, а во такви случаи, виновниците често поминуваат неказнето, се потенцира во извештајот.
Според Репортери без граници, земјите како Кина, Египет, Иран и Саудиска Арабија постојано смислуваат методи за угентување.

Цивилното новинарство најмногу страда поради таквите методи, кои вклучуваат контрола на интернетот со цел да се контролираат блогерите и новинарите кои објавуваат текстови на интернет или социјалните мрежи, се истакнува во извештајот.

Невладината организација посочува дека во 2018 година 60 новинари се киднапирани, што е шест повеќе во споредба со претходната година. Освен еден случај, другите киднапирања се случија во Сирија, Јемен и ирак.

Репортери без граници апелира Обединети нации да воспостават функција на посебен претставник за заштита на новинарите. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе