Планината во облик на пирамида што неодамна беше откриена на Антарктикот, привлече многу внимание во светот и беше основа за разни теории за нејзиното потекло.
„Структурата во форма на пирамида се наоѓа во планинскиот масив Елсворт, кој е долг повеќе од 400 километри, па не е чудо што има многу врвови кои излегуваат од ледот. Сосема е јасно дека се создадени од карпи, а тоа што е фотографиран врв со токму таков облик е чиста случајност“ - вели доктор Мич Дарси, геолог од центарот за истражување во Потсдам.
„Тоа не е комплексна форма, па не треба да чуди што врвот има таков облик. Според дефиницијата, станува збор за нунатак, врв на планина кој се гледа над глечерот или над ледот. Овој нунатак само случајно има форма на пирамида, но тоа не значи дека е изграден од луѓе“ - вели Дарси.
Иако на социјалните мрежи се појавија многу голем број на теории, научниците посочуваат дека ваквите врвови не се реткост - Матерхорн на Алпите и Буландстиндур на Исланд се само некои од примерите.