Ретро-футуризам: Илон Маск гради мегабензинска станица со кино и ресторани каде ќе работат роботи

Планирана е изградба на Tesla ресторан, две кина, бар на покривот и 32 станици за полнење на електрични автомобили, додека за услугата на гостите ќе се грижи роботот Ottomate.

Компанијата Tesla на Илон Маск започна со изградба на футуристички ресторан и кино во Лос Анџелес, прв од ваков вид во САД.

Во холивудската област се планира изградба на футуристички „дајнер“ и „драјв-ин“ кино, а зад сето тоа стои идејата за изградба на првата суперстаница за полнење електрични автомобили - Tesla Supercharger станица што Маск веќе ја најави на X (Twitter).

Алудирајќи на некогаш култниот филм „Grease“ и некогаш популарната футуристичка анимирана серија „The Jetsons“, Маск истакна дека објектот ќе изгледа како „спој на Gease и The Jetsons на стероиди“, па се шпекулира дека објектот ќе има ретро-футуристички изглед.

Работите на изградбата на зградата веќе започнаа, бидејќи градските власти на Лос Анџелес ги издадоа потребните дозволи на почетокот на оваа година.

Во рамките на објектот е предвидена изградба на ресторан, два кино екрани, бар на покривот и 32 станици за полнење на електрични автомобили.

Услугата во двокатната зграда ќе биде целосно автоматизирана, а за неа ќе бидат задолжени роботите за доставување Ottomata.

Засега не се знае дали ова ќе биде уникатен проект или концептот на станици за суперполнење ќе се прошири низ целата земја, што веројатно ќе го одреди успехот на идниот објект во Лос Анџелес.

Без разлика, сопствениците на автомобилите на Tesla (барем тие во Лос Анџелес) ќе добијат објект во кој ќе можат убаво да се забавуваат додека чекаат да им се „полни“ автомобилот.

Се чини дека Tesla отвора ново деловно поглавје пред претстојниот почеток на производството и продажбата на долгоочекуваниот модел Tesla Cybertruck, кој веќе постигна голема популарност меѓу идните клиенти во периодот на преднарачка.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Архитектура

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Read more

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе