StarTAC моделот на Motorola беше најмалиот мобилен телефон во свое време, бидејќи беше првиот модел на телефон на преклопување.
Компанијата го претстави овој телефон на 3 јануари 1996 година, и во тоа време беше најмалиот и најлесниот мобилен телефон на пазарот. Воедно беше и првиот телефон на преклопување и стана синоним за такви телефони.
Во времето на лансирање, цената на Motorola StarTAC беше 1.000 долари, и стана статусен симбол во втората половина на 90-тите години.
Мала ретроспектива погледнете во видеото, каде е прикажано отпакување на сосема нов Motorola StarTAC:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=-wsTms544uM]