Ретро реклама за Yugo
Yugo, еден од најпознатите автомобилите произведени во Југославија, до денеска се вози по македонските улици. Но дали сте знаеле овој автомобил не се купувал само во Југославија? Покрај продажбата во повеќе европски земји, во 1986-тата година овој модел почнал да се извезува во САД, каде во периодот 1985-1992 биле продадени над 141.000 автомобили од овој модел. Во видеото погледнете една од ТВ рекламите со кои се промовирал овој југословенски автомобил на американскиот пазар.