Фудбал

Рибери играч на годината во Бундес лигата

19. декември 2013 - 13:31 | Макфакс

Франк Рибери е избран за најдобар фудбалер во Бундес лигата во 2013 година. Како што пренесува порталот Goal.com, Рибери зад себе го остави напаѓачот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски.

Францускиот репрезентативец со Баерн освои четири титули, а во сите конкуренции одигра 44 натпревари, на кои имаше учинок од 18 голови и 20 асистенции.

Признанието за играч на годината во Бундеслигата е нова индивидуална награда за Рибери, кој претходно е прогласен за најдобар во Франција, во Европа и во Лигата на шампиони.

Колекцијата индивидуални признанија францускиот репрезентативец може да ја збогати и со престижната награда „Златна топка“, за која конкуренти му се Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Коментирај