Филм & ТВ

Ричард Гир има нов филм - психијатриската драма „Three Christs“

27. ноември 2019 - 16:20 | А.С.

IFC Films го објавија првиот трејлер за драмата „Three Christs“ што има неверојатна актерска екипа, вклучувајќи го ветеранот Ричард Гир.

Покрај холивудската легенда, во филмот на Џон Авнет играат и Питер Динклиџ, Волтон Гогинс, Бредли Витфорд и Џулијана Маргулис.

Филмот, базиран на вистинска приказна, го следи доктор Алан Стоун (Гир), психијатар од 50-тите кој го отфрлил терапиите за шизофренија што содржеле драконски методи како електрошокови и затворање во самица.

Негов прв случај ќе бидат тројца мажи – Џозеф (Динклиџ), Леон (Гогинс) и Клајд (Витфорд). Секој од нив тројцата верува дека е Исус, синот божји.

Надевајќи се дека ако ги стави во иста просторија за да ги соочат со своите илузии, ќе успее да допре до нив, доктор Стоун почнува ризичен, дотогаш невиден експеримент што ќе излезе од границите на психијатријата и по кој сите вклучени во него ќе се сменат засекогаш, па дури и докторот.

Филмот „Three Christs“ ќе почне да игра во кината на 10 јануари.

Коментирај