Роби Вилијамс го исмејува Путин во новиот спот
Роби Вилијамс се врати со нова песна, а во неа го исмејува рускиот претседател Владимир Путин како и руската власт.
Party Like A Russian се појави синоќа, а Роби изјави дека морал да цензурира некои делови од оригиналната верзија за да не си направи несогласувања со Русите.
Вилијамс вели дека не сака да се замери со сите 147 милиони Руси и дека се надева дека имаат добра смисла за хумор. Тој се надева дека нема да се најде на листата на непријатели на Путин и вели дека намерата му била да покаже дека Русите се забавуваат подобро од Американците и Британците.