Роботите имаат свои Зимски олимписки игри
Овогодинешната Зимска олимпијада во Пјонгчанг е преполна со роботи кои работат прекувремено за да ја направат организацијата комплетна, помагаат во чистењето, ги насочуваат гостите и се натпреваруваат во скијачки турнири.
Во турнир наречен „Edge of Robot: Ski Robot Challenge“, осум тимови од универзитети, институти и приватни компании ќе се натпреваруваат кој ќе произведе најдобриот робот-скијач. Оној тим чиј робот најбрзо ќе стигне до целта, притоа одбегнувајќи ги пречките, ќе добие наградата од 10.000 долари.
Турнирот се одржа на 80-метарската патека оддалечена еден час од Пјонгчанг. Рекордно ниските температури им влијаеа дури и на роботите, голем дел од нив се превртеа пред да стигнат до целта.