Роботот Mini Cheetah може да направи салто наназад
Институтот за технологија во Масачусетс со гордост соопшти дека роботот Mini Cheetah што го направија тамошните инженери е подобрен и сега може да прави салто наназад.
Ова сепак не е првиот робот што може да прави гимнастички потези и акробации. Роботот Atlas на компанијата Boston Dynamics лани скокаше по платформи и изведуваше вртење од 180 степени во скок. Но, Mini Cheetah е првото роботско куче што може да направи салто наназад.
Mini Cheetah е помала верзија на роботот Cheetah 3 произведен лани. Тежи околу 9 килограми и може да се движи со брзина од 2,45 метри во секунда.