Филм & ТВ

„Rocky“ слави 40 години, интересни факти што треба да ги знаете за филмот

22. ноември 2016 - 11:29 | Б.С.Б.

Незаборавната спортска драма „Rocky“ вчера прослави 40 години од премиерното прикажување од 1976 година во Њујорк. Нискобуџетниот филм за боксерот се претвори во хит и продолженија кои до денес луѓето ги гледаат.

Но, дали сте знаеле дека првиот филм за боксерот Роки е награден со три Оскари, иако беше номиниран за девет? Филмот освои Оскар за најдобар филм, најдобар режисер и најдобра монтажа. Роки стана легендарен лик, а во чест на филмот ги пренесуваме овие неколку интересни факти.

1. „Rocky“ е првиот филм со спортска тематика што има освоено Оскар за најдобар филм.

2. Првата верзија на сценариото Силвестер Сталоне ја напишал за три дена. Подоцна, сценариото е надополнето за да се добие конечната верзија кој е снимена.

3. „Rocky“ има мал буџет, а на крајот заработи над 225 милиони долари во светот.

4. За улогата на Адријан се пријавила Сузан Сарандон, но сите мислеле дека е презгодна за да се појави во филмот. Во предвид ја имале и Шер.

5. Инспирација за филмот е првата борба меѓу Мухамед Али и Чак Вепнер, кој со шампионот издржал 15 рунди.

Loading the player...

6. Во снимањето на филмот учествувале и членови на семејството Сталоне. Неговиот татко го глумел ликот што го означува почетокот на борбата во рингот, брат му глумел уличен пејач, а неговата прва сопруга Саша ги снимала промотивните фотографии.

7. Пред да почне да работи на филмот, режисерот Џон Г. Авилдсен никогаш не бил да гледа боксерски меч, ниту гледал филмови за бокс.

8. Со оглед на ограничениот буџет екипата во текот на снимањето не успеала да собере доволно гледачи за сцените со последната борба, па биле принудени да користат архивски снимки од боксерски мечеви.

Loading the player...

 

Коментирај