Фудбал
ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Родри: Ливерпул победи на среќа

11. ноември 2019 - 17:40 | Ф.З.

Шпанскиот репрезентативец крајно дрско го омаловажи триумфот на Ливерпул тврдејќи дека неговиот тим би подобар, а противникот само си ги искористил шансите.

„Мислам дека општо гледано бевме многу подобри. Создадовме многу повеќе шанси од нив, но тие трипати дојдоа до нашиот гол и постигнаа три гола“, самоуверено тврди 23-годишниот играч од средниот ред.

Ливерпул победи со 3:1, имаше водство од 3:0, а уште по 13-тата минута поведе со два гола. Родри одигра сите 90 минути.

„Од натпреварот си заминавме со горчливо чувство бидејќи сакавме да победиме. Воопшто не беа подобри од нас, но постигнаа голови од шансите кои ги создадоа. Им тргна на натпреварот, им се наредија коцките. Ние игравме храбро, не се откажавме ниту еднаш во тие 90 минути, но се соочивме и со неголку непријатности во текот на натпреварот“, Родри алудира на моментите кога тој и неговите соиграчи бараа пенал поради игра со рака.

Родриго Ернандес Касканте, или попознат едноставно како Родри, летово го засили Манчестер Сити од редовите на мадридски Атлетико.

На прашањето дали овој пораз занчи крај на надежите на „Граѓаните“ за одбрана на титулата, со оглед на тоа што веќе го претрпеа третиот пораз, Шпанецот беше самоуверен: „Никако! Овој тим многупати досега покажал карактер, ја освои Премиер лигата двапати во низа, а тоа не е коинциденција. Овој тим се избори да биде почитуван и заслужува и натаму да биде во игра за титулата. Минатата сезона заостануваа 7 бодови, а на крајот станаа шампиони. Ноември е, има уште многу за играње“, заврши Родри.

Коментирај