The Rolling Stones првпат по 11 години издадоа студиски албум

Првиот по единаесет години студиски албум на легендарниот британски рок состав The Rolling Stones, насловен „Blue & Lonesome“, излезе во продажба денеска. 

Албумот е исполнет со кавер верзии на блуз песни, меѓу кои и многу познатите како „Just Your Fool“ на Литл Волтер, „Everybody Knows About My Good Thing“ на Литл Џони Тејлор и „I Can’t Quit You“ на Вили Диксон. Според гитаристот на The Rolling Stones , Рони Вуд, композициите „звучат толку автентично, што дури е застрашувачки“.

„Обично албумите со кавер верзии наведуваат на помислата за намерата да се сокрие фактот за творечката криза, но во случајот со ’Blue & Lonesome’, првиот студиски диск на The Rolling Stones по повеќе од една деценија, мора да се каже дека тоа претставува многу содржинска работа“, забележува електронскиот весник The Independent.

„Она што најмногу доаѓа до израз во ’Blue & Lonesome’ е тоа што Мик Џегер навистина го оживува овие песни“, се истакнува во написот.

Албумот, кој се појавува под етикетата на „Polydor“, бил снимен за само три дена во лондонското студио „British Grove“ кое е во сопственост на еден од основачите на веќе непостоечкиот исто така легендарен бенд Dire Straits, Марк Нофлер.

Истовремено, во соседната просторија во која музицирале „стоунси“, својот албум го снимал и Ерик Клептон. Овој гигант на блуз-рокот не останал рамнодушен на „Blue & Lonesome“, и дал свој придонес во неговото создавање. Поради тоа, и името на Клептон е отпечатено на корицата на дискот.

Бендот The Rolling Stones, формиран пред 54 години, во 1960-те години беше главниот конкурент според популарноста на The Beatles, но за разлика од легендарната ливерпулска четворка, тие не се распаднаа и продолжуваат да издаваат нови албуми и и покрај поодминатите години да одат на концертни турнеи.

The Rolling Stones се сметаат за еден од најуспешните состави во историјата на рок музиката. Дури 21 нумера на бендот се најдоа во првите десет на топ листите во Велика Британија, од кои осум се искачуваа на самиот врв.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе