„Романса“ со врвната виолинистка од Кореја Сојанг Јун

„Романса“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Филхармонијата, кој ќе се одржи во четврток, на 18 април, со почеток во 20 часот.

Како солистка ќе се претстави врвната виолинистка од Кореја, Сојанг Јун, која ќе го изведе виртуозниот Концерт за виолина и оркестар од Јоханес Брамс. Сојанг Јун, добитничка на престижни награди, која се смета за една од најдобрите виолинистки на новата генерација, за прв пат доаѓа во Скопје.

Диригент на концертот е извонредниот Михал Нестерович од Полска, а оваа вечер ќе биде изведена и прекрасната Петта симфонија од англискиот композитор Ралф Вон Вилијамс, која ќе ја доживее македонската премиера.

Изведбите на виолинистката Сојанг Јун, која е една од водечките виолинисти и камерни музичари на својата генерација, се опишани од критиката како „високо дисциплинирани“ („Грамофон“), или „техничка совршеност која секогаш е во служба на музиката“ („Гардијан“). Сојанг Јун е добитничка на први награди на престижните натпревари „Јехуди Мењухин“ и „Хенрик Виењавски“, како и на сребрен медал на натпреварот во Индијанаполис. Како солист настапува со водечки оркестри меѓу кои: Германската филхармонија на Бремен, Оркестарот на Елбфилхармонијата, Рускиот национален оркестар, Кралскиот филхармониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Берн, Симфонискиот оркестар на Трондхајм, Камерниот оркестар на Цирих итн., соработувајќи со музичари како: Кшиштоф Пендерецки, Ивор Болтон, Кшиштоф Урбански, Мухаи Танг, Максим Венгеров и Михал Нестерович. Оваа година Јун ќе настапи во Карнеги Хол во Њујорк, берлинскиот Концертхаус, како и со Симфонискиот оркестар на Сингапур и на турнеја низ Германија со Прашката филхармонија. Во соработка со Кореанскиот камерен оркестар, Сојанг има издадено носач на звук со „Годишните времиња“ на Пијацола и Концертот за виолина и оркестар од Феликс Менделсон, при тоа настапувајќи со оркестарот на турнеја низ Азија, Европа и Северна Америка. Во 2012 година, таа заедно со Бенџамин Грегор-Смит го основа триото „Орион“, со кое ја добиваат правата награда и наградата од публиката на натпреварот за камерна музика во Цирих - „Мигрос Културпроцент“. Оваа концертна сезона триото настапува во „Вигмор Хол“ во Лондон, „Тонхале“ во Цирих, како и во бројни концертни сали во Штутгарт, Единбург, Белфаст, Манчестер... Сојанг Јун живее во Базел и Сеул, а се образувала на Националниот универзитет за уметност во Сеул со Захар Брон, на Универзитетот за музика и танц во Келн и на Универзитетот за уметности во Цирих. Свири на виолина изработена од Џ. Б. Гвадањини во 1773 година, позната и како „Бикебург“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе