Роналдо: Јас и Меси не сме пријатели

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, говорел за ривалството со Лионел Меси, односот со навивачите и за најнезгодните дефанзивици.

Лавина коментари предизвика рекламацијата на Роналдо, на натпреварот против Атлетик Билбао, во моментот кога Алваро Мората го постигна победничкиот гол за Реал. Португалецот по кој знае кој пат стана мета на негативни коментари по социјалните мрежи.

„Треба да се користат негативците и таквите искуства за дополнителна мотивација. Кога ќе размислам мене ми се потребни „хејтерите“, тие ми помогнаа да го постигнам сето ова“, рекол Роналдо во интервјуто за Coach Magazine.

Роналдо проговорил и за односот кој го има кон Лионел Меси, бидејќи тие двајца повторно се најсериозните кандидати за освојување на „Златната топка“.

„Не сум пријател со Меси, но меѓу нас постои големо почитување. Медиумите сакаат од нашиот однос да направат големо ривалство, но ние не сме тоа“.

Најдобриот стрелец на Реал открил во кој играч има голема доверба, а против кого му било најтешко да игра.

„Водев големи борби со Ешли Кол. Не ви дава мир ниту една секунда. Брз е и цврст во дуелите, веднаш знаете дека против него нема да одиграте лесен натпревар. Од друга страна Пепе е некој со кого би одел и во војна“, вели ѕвездата на Реал.

На крајот Роналдо рекол дека на почетокот на кариерата им се восхитувал на Луис Фиго и Руи Кошта, но дека секогаш се фокусирал да биде свој и да изгради свој стил.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more
 

Спорт

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе