Росберг: Наскоро ќе има жена во Формула 1

Ф1
Ф.З.
/ 11.08.2022 / 16:53

Во моментов нема женски возачи во Формула 1 и ниту една не се поврзува со место во болидот за следната сезона, но поранешниот шампион Нико Росберг верува дека тоа наскоро ќе се промени.

Тимот на Алпин ја лансираше програмата Rac(H)er, која има за цел да ги зголеми можностите за жените да добијат шанса во Формула 1 кога тоа ќе го заслужат со своите перформанси. Во принцип, се чини дека ова е долгорочен проект.

„Нашата улога како Ф1 тим и бренд на Groupe Renault е да го направиме нашиот екосистем поинклузивен и да ја направиме различноста наша сила. Свесни сме за потребата од длабока трансформација на спортот и индустријата за да можат сите таленти да процветаат во иднина. Со лансирањето на Rac(H)er, програмата започнуваме со трансформација и се надеваме дека сите играчи во секторот ќе ни се придружат бидејќи само обединети можеме да направиме вистински напредок. Тоа би бил вистински успех“, изјави директорот на Алпин, Лоран Роси.

Во Алпин се очекува дека до 2027 година 30% од работната сила ќе бидат жени, додека во моментов тие се само 12%.

„Брилијантните иницијативи како онаа на Алпин им даваат шанса на жените. Дефинитивно ќе има жени во Формула 1 наскоро. Се разбира, за сите ќе биде подобро ако повеќе тимови се посветени на еднаквите права. Но, тоа не е само прашање на мажите и жените, туку исто така и бојата на кожата. Треба да се направи повеќе, особено во мотоспортот. Ако го погледнете падокот во Формула 1, има многу белци и малку жени. Би било убаво тоа да се смени“, изјави Росберг.

Тој додаде дека му е јасно дека патот не е лесен, а се обидува да им даде шанса на жените во неговиот Росбер Икс Рејсинг Тим во серијата Екстрим Е.

реклама

Мбапе потпиша за Реал Мадрид, познато е кој број ќе го носи

Read more

Што го покачува лошиот холестерол?

Read more

Неделен хороскоп од 3 до 9 јуни според руски астролог

Read more

Јаткасти плодови кои го стабилизираат шеќерот во крвта

Read more

Ф1

McLaren Senna постави нов рекорд на патеката каде Аиртон ја имаше најголемата победа

Read more

Возачи што најдолго чекаа на својата прва победа во Ф1

Read more

Семејството Шумахер доби оштета за лажното интервју

Read more

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Read more
 

Спорт

Мбапе потпиша за Реал Мадрид, познато е кој број ќе го носи

Читај повеќе

Челси назначи нов тренер

Читај повеќе

Мбапе: Вечерва потпишувам за Реал

Читај повеќе

Анкета: Секој петти Германец сака репрезентацијата да биде повеќе бела

Читај повеќе

Зелено светло од УЕФА за Јунајтед, Сити, Ница и Жирона

Читај повеќе
  • filter

Шампионски спектакл во Градски парк: Хајнекен нè спои во незаборавно #ФиналеЗаСитеНавивачи!

Читај повеќе

Далиќ: Македонија вечерва ќе ја глуми Албанија

Читај повеќе
  • play_arrow

Истанбул во транс: Навивачите на Фенербахче му приредија спектакуларен пречек на Мурињо

Читај повеќе

Скалвини го повреди коленото, го пропушта ЕУРО

Читај повеќе