Леталото Rosetta ја заврши мисијата на кометата 67P на чија ледена површина се спушти, пишува BBC. Научниците од Европската вселенска агенција објавија дека со спуштањето на кометата Rosetta престанала да функционира.
Мисијата вредна 1,4 милијарди долари заврши со успех, со оглед на насобраните податоци што во следните години научниците треба да ги истражуваат.
Досега веќе е дојдено до повеќе откритија за хемискиот состав на кометата, што овозможува увид во Сончевиот систем и во потеклото на животот на Земјата.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=YJX5YPLpD1s]