Останати спортови

Роси обесхрабрен од високото темпо на Маркез

3. април 2019 - 16:56 | Б.С.Б.
Термас де Рио Ондо, 3 април 2019 (МИА) – Валентино Роси призна дека е обесхрабрен од големото заостанување во однос на Марк Маркез по изминатото Гран При на Аргентина во МотоГП.

Иако за „Докторот“ резултатот од пистата „Термас де Рио Ондо“ е најдобар од јули 2018, тој не е целосно среќен. Ветеранот со Јамаха се избори за втората позиција во Аргентина со маневар во последната обиколка, но во исто време Маркез беше 10 секунди пред него.

– Мило ми е што сум трети на табелата зад Маркез и Довициозо кои се фаворити. Во Јамаха работиме многу напорно, но предизвикот е премногу голем. Треба да се стремиме да бидеме на нивото на Маркез и Дови и да сме поблиску до Маркез, бидејќи овие 10 секунди предност беа огромни. Можеше да бидат и повеќе, па затоа е важно да запомниме како сме биле победени, прокоментира Валентино.

Коментирај