Роверот Perseverance ги направи најубавите фотографии од Марс досега

Роверот Perseverance, кој беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, одлично си ја врши работата, а сега ги прати најубавите фотографии што некогаш ги направил од Црвената планета.

Perseverance направи висококвалитетни фотографии од карпите, песокот и небото, а видливи се и некои делови од роверот. Овојпат го испрати досега најдеталниот и најубавиот поглед на површината на Марс, а резолуцијата и деталите на фотографиите се неверојатни.

НАСА објави видео во кое членот на оперативниот тим Рејчел Кроњак зборува за глетките и звуците на кратерот Језеро, регион кој некогаш бил делта на река. Видеотурата прикажува ридови, карпи, седиментни карпи, траги од тркалата на роверот и местата на кои биле собирани примероци.

URL

Бројот на пиксели на сликата е 2,5 милијарди, што го надминува претходниот панорамски приказ на кратерот Гејл составен од 1,8 милијарди пиксели. Новата колекција се состои од 1.118 индивидуални фотографии, направени од камерата Mastcam-Z во периодот од 12 до 20 јуни оваа година.

Целосната слика со полна резолуција е „тешка“ 3,85 GB.

Remote video URL

Роверот Perseverance откри детали за површината на Марс како никогаш досега, а на Црвената планета пристигна пред година и половина. НАСА се надева дека роверот ќе одговори на голем број прашања за тоа дали Марс некогаш имал микробиолошки живот. Perseverance собира примероци во делтата што НАСА ќе ги пренесе на Земјата за проучување.

Спектакуларната панорама е фантастичен нов сувенир од авантурата на роверот на НАСА на Марс.

Тагови
реклама

Вести

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Read more

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Read more

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Read more

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more
 

Гик

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Читај повеќе
  • filter

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Читај повеќе

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе