Русија: Америка стои зад обидот за елиминација на Путин

Русија денеска ги обвини САД дека стојат зад нападот со беспилотни летала врз Кремљ со цел да се елиминира претседателот Владимир Путин.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифинг со новинарите изјави дека Вашингтон треба да биде свесен дека Русија знае дека САД избира цели и дека Украина само ги спроведува нивните планови.

Во средата вечерта, Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во, како што Москва без докази тврди, неуспешен обид за атентат на претседателот Владимир Путин.

Украина негираше каква било вмешаност во инцидентот откако беше објавена снимка од летечки објекти кои се приближуваат до Кремљ, од кои еден експлодира. Кремљ соопшти дека го смета нападот за „планиран терористички акт“ и го задржува правото да возврати.

Песков рече дека Русија има неколку опции и кога ќе дојде одговорот, тоа ќе биде внимателно разгледано и избалансирано. Тој рече и дека е во тек итна истрага, но не кажа кога може да се очекуваат резултатите од истрагата. Во наводниот напад на резиденцијата на Путин во Кремљ биле користени два дрона, но руската одбрана ги оневозможила, тврди Москва.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе