Русија против Twitter и Facebook

Рускиот надзорен орган за комуникации најави дека се отворени правни постапки против Twitter и Facebook поради тоа што работењето на овие две социјални мрежи не е во согласност со домашните закони за заштита на податоци.

Надзорниот одбор, наречен Роскомнадзор, преку официјално соопштение наведе дека Facebook и Twitter не објасниле како и кога ќе го применат законот кој вели дека сите сервери кои се користат за складирање на личните податоци на корисниците мора да бидат сместени во Русија.

Александар Захаров, кој е претседател на овој орган, изјави дека компаниите имаат рок од еден месец за да ги достават бараните информации. Во спротивно, против нив ќе бидат преземени неопходни акции.

Во последните пет години Русија воведе многу построги закони за интернетот, кои бараат од пребарувачите да избришат одредени резултати од пребарувањата, сервисите за размена на пораки треба да ги споделат лозинките за шифрирање со службите за безбедност, а социјалните мрежи мораат да ги чуваат податоците за корисниците во сервери сместени во Русија.

Единствените казни кои Русија во моментов може да ги примени се парични, кои стигнуваат до неколку илјади долари, што воопшто не е проблем за големи компании како Twitter и Facebook. Но, во текот на оваа година се планирани неколку измени на законите кои би ѝ дозволиле на Русија поголема ригорозност околу казнувањето.

реклама

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе