Русија развива нови ракети, несопирливи за системите на НАТО

Русија во моментов го завршува развојот на најновото поколение ракети, кои ќе бидат несопирливи за вооружувањето на НАТО, особено за противракетните системи, изјави за агенцијата РИА во петокот Евгениј Серебреников, првиот заменик-претседател на комисијата за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата.

Според сенаторот, ваквите ракети ќе бидат разместени на северната граница на Русија, доколку Шведска се одлучи да се приклучи на НАТО. Покрај тоа, Серебреников не отфрли ниту зголемување на армиските трупи на споменатата граница.

Темата за новото проширување на НАТО кон руските граници ја допре и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој во интервјуто за шведскиот дневен весник Dagens Nyheter во петокот изјави дека Москва „ќе одговори со воено-технички мерки доколку Шведска одлучи да ѝ се приклучи на Алијансата“.

Од самата Алијанса, пак изјавија дека Стокхолм нема уште поднесено барање за членство во НАТО.

Подоцна, коментаторите изјавите на Лавров ги толкуваа како можно зајакнување на руските сили во северозападните делови. Претпоставуваат дека Москва може кон оваа граница да ги насочи своите оперативно-тактички комплекси „Искандер-М“ и да ги опреми бродовите и подморниците во Балтикот со наведуваните балистички ракети со долг дострел „Калибр“.

Русија во последниот период жестоко реагира на, како што оценуваат во Москва, острото зголемување на присуството на НАТО на руските граници. Особено тоа е забележливо во балтичките земји, коишто наводно стравуваат од „руска агресија“ поради наводната улога на Москва во украинскиот конфликт, и каде во последните две години константно се во тек големи воени вежби и е зголемено присуството на американските и на единците на алијансата. Руската страна, критикувајќи го Западот и НАТО дека не се придржуваат до договорот за неширење кон нејзините граници, повеќепати предупредува дека „соодветно ќе одговори“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе