Свет

Русија забрани пушење на балконите, парична казна до 42 евра

28. септември 2019 - 11:01 | М.С.

Русите се негативно изненадени откако властите соопштија дека пушењето на балконите од станот ќе биде забрането, според новите прописи за пожари.

Исто така, според новите правила, забраната важи и за хотелите.

Правење скара и палење свеќи исто така се забранети.

Доколку граѓаните ги прекршат новите правила, може да добијат казна до 42 евра, а доколку остават отпушок кој сè уште гори, може да се здобијат со кривична пријава.

Коментирај