Авто новости

Русите направија електричен „Бетмобил“

12. август 2019 - 10:29 | Ф.З.

Познатиот производител Калашников го откри својот најнов продукт, електричен автомобил кој руските медиуми веднаш го споредија со возилото на Бетмен.

Автомобилот всушност се вика ОВУМ, има електричен мотор од 68 коњски сили и може да достигне брзина до 80 километри на час. Силната батерија му овозможува да покрие должина од 150 километри без ново полнење.

Калашников го гледаат ОВУМ како автомобил за употреба во урбана средина, што ја објаснува неговата компактна големина: тежи само 650 килограми, долг е 3,4 метри, а широк метар и пол.

Необичниот дизајн и црната боја прават лесно да може да се замисли Бетмен зад воланот на ОВУМ. Покрај црна, автомобилот е достапен и во црно-жолта варијанта наменета за такси.

Коментирај