Руската полиција спречи татко кој сакаше да фрли бебе од прозорец
Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека полицијата во Саранск го спаси животот на петмесечно бебе доведено во опасност од страна на таткото. Како што се гледа од видеото објавено од Министерството, таткото се заканува дека ќе го фрли бебето од третиот кат на зградата, но за среќа брзата реакција на полицаецот Васили Мартинов го спасува малечкото.
„По ризик на неговиот живот, Васили Мартинов му пријде на насилникот, го турна во собата и го спаси животот на малечкото девојче“, велат од руското МВР.
Според соопштението, човекот веднаш е приведен и задржан во полиција, додека бебето е однесено во болница.