Книги

Руски класици кои ќе ви помогнат да ја пронајдете смислата на животот

6. август 2019 - 15:54 | М.С.

Руските писатели се мајстори кога се во прашање суштинските прашања за човечката егзистенција и неговата психа. Ако имате прочитано било кој познат руски роман од деветнаесеттиот век, сигурно сте сретнале ликови кои ја бараат нивната мисија на Земјата.

„Обломов “ - Иван Александрович (1859)

Залудно потрошеното време и неправењето ништо се главни карактеристични особини на Обломов и неговиот живот нема никаква смисла. Со години лежејќи на софа го поминува животот, не грижејќи се за ништо. Неговиот ривал и пријател Андреј е амбициозен, тој, смислата за живот ја пронаоѓа во усовршување и самоостварување. Но, неговото однесување станува механичко. Оваа книга може да се препрочитува и ден-денес, затоа што оваа културна икона е потсетник дека животот си тече а ние треба активно да живееме сега и овде.

 „Татковци и деца “ - Иван Тургењев (1862)

Тургењев бил првиот писател кој го дефинирал проблемот помеѓу децата и татковците, дека постарата генерација никогаш нема да ги послуша помладите. Најголемата разлика помеѓу нив е начинот на перцепција на животот. Главниот лик во романот е нихилистот Базаров кој целиот свој живот го посветува на тоа да стане доктор. Навистина може да се замислиме: дали она што го правиме има смисла и колку тоа ќе биде значајно за некого.

„Браќа Карамазови“ - Фјодор Достоевски  (1880)

Всушност, потрагата по човековото живеење започнала со Достоевски. Неговата петроградска депресија го довела да размислува за смислата на човековиот живот. Во затворот во Сибир имал доволно време да ги проучи овие прашања.

 „Ана Каренина“ - Лав Николаевич Толстој   (1873)

Бесмртниот класик е репер за тоа колку далеку може да нè занесе љубовта, па постојано да се преиспитуваме дали таа навистина постои. Човечките односи коишто се вткаени во овој роман се беспрекорно разработени во целина што сигурно ќе ве наведат да размислувате поинаку.

„Мајсторот и Маргарита“  - Михаил Булгаков   (1940)

Мајсторски роман којшто ќе ви го сврти светот наопаку. Прашањата поврзани со вечната борба помеѓу доброто и злото, постоењето на ѓаволот, животни коишто зборуваат се само дел од темите коишто ќе ви ја разгорат страста да размислите за тоа колку всушност е возбудливо да се живее кога човек има зацртана цел пред себе.

Коментирај