Рускиот космонаут Олег Артемјев има поминато 365 дена, 23 часа и 5 минути во вселената.
Во интервју за „Спутник“ тој вели дека вселенската прошетка е најтешкиот предизвик, но исто така и најмногу го исполнува.
„Велат дека не си бил во вселената ако не си излегол на вселенска прошетка. Тоа е најнезаборавно доживување. Може да заборавиш многу работи, но вселенската прошетка ќе ти остане во сеќавањето засекогаш“, вели Артемјев.
Космонаутот смета дека животот во Меѓународната вселенска станица го менува човека.
„За оние кои стигнале до вселената, ова е остварување на сонот. Сепак, не е сѐ така романтично, има многу работа. Кога си дете размислуваш поинаку, патувањето во вселената е толку романтизирано. Вселената те прави нов човек, попријателски настроен човек. Обично велат дека заминуваш во вселената како патриот на својата земја, а се враќаш како патриот на целата планета“, вели Артемјев.