Руски разорувачи открија и избркаа подморница на НАТО во Медитеранот

Русија ја обвини Холандија дека сакала да ја шпионира нејзината флота на Медитеранот, пренесува агенцијата AFP. Руското министерство за одбрана соопшти дека холандска подморница извела маневар во обид да се приближи на руската флота на чело со носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“.

Портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков на конференција за новинари изјави дека руските разорувачи „Северноморск“ и „Вице адмирал Кулаков“ детектирале холандска подморница на дизел погон која се обидела да се приближи и да ја следи групата бродови во придружба на рускиот носач на авиони, пренесува агенцијата Sputnik.

Конашенков додал дека подморницата, за време на инцидентот, се наоѓала на околу 20 километри од носачот на авиони.

Официјални лица на НАТО не сакале да го коментираат инцидентот, но сепак признаа дека „неколку седмици“ ја набљудуваат руската флота, што и не е чудно имајќи предвид дека руските бродови на пат кон Сирија поминуваат долж границите на територијалното море на неколку европски држави, од Норвешка до Велика Британија па и до Шпанија.

Од руското министерство за одбрана велат дека тие редовно детектираат подморници на НАТО на патот на својата флота во Медитеранот. Русите предупредија дека ваквите инциденти можат да имаат тешки последици.

Агенцијата AFP го цитира поморскиот експерт Џејми Кареман кој смета дека е прилично шокантно да се открие подморница во тајна мисија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе