Рускиот пропагандист Соловјов: Секој обид за апсење на Путин е објава на војна

Пропагандистот на Путин, Владимир Соловјов, во неделата повика на нуклеарен напад врз секоја земја што ќе се обиде да го уапси рускиот претседател Владимир Путин по налог издаден од Меѓународниот кривичен суд (ICC) во Хаг.

Горенаведената изјава Соловјов ја даде во неговата позната емисија која се емитува на руската државна телевизија Русија 1 и во која секој пат изговара навистина морничави пораки.

Клип од една епизода беше споделен на Twitter од новинарот на BBC Френсис Скар. Тој истакна дека Соловјов директно не ја спомнал налогот на ICC за апсење на Путин, но ја споменал руската комесарка за правата на децата, Марија Лвова-Белова, по која исто така била распишана потерница.

Соловјов ја започна својата презентација осврнувајќи се на неодамнешната изјава на германскиот министер за правда Марк Бушман за наредбата на ICC.

„Германија ќе биде обврзана да го уапси претседателот Путин доколку влезе на германска територија, и да го предаде на ICC“, изјави Бушман за германскиот весник Bild am Sonntag.

„Генерално, секоја структура или која било држава што дури ќе се осмели - како германското ѓубре од министер - да каже дека ќе се обидат да ја спроведат (одлуката)... Само да знаат, секој обид за спроведување е објава на војна! " рече Соловјов.

URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе