Рускоска: Оставката на Јанева се случи во лош тајминг

Скопје, 16 јули 2019 (МИА) – Обезбедените видеа и аудиоматеријали се само за овој случај што го отворивме сега, за овие двајца осомничени. А понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, вели јавната обвинителка Вилма Рускоска во интервју за Телевизијата 24.

Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител во овој случај, сега засега не може да се докаже.

– Доколку се појават цврсти докази сигурно дека истрагата ќе биде проширена, но сега навистина неможам да шпекулирам и било несериозно од мене како обвинител да кажам во која наоска може да нѐ одведе истрагата, вели Рускоска.

На прашање дали не е исклучена можноста истрагата да се прошири не само на политичари, туку и на обвинители зависно од тоа што ќе се открие, Рускоска одговара потврдно додавајќи дека „апсолутно не е исклучена можноста, но тоа е само можност“.

Рускоска во интервјуто вели дека кај второосомничениот е пронајдена поголема количина оружје и ќе се истражува дали го поседува со дозвола или без.

Потенцира дека во претресот на првоосомничениот и второосомничениот се одземени електронски уреди, како и еден мобилен телефон од еден јавен обвинител, но оти сѐ уште не е извршено вештачење на ниту еден од нив.

Обвинителката Рускоска смета дека последниот случај не треба да сго нарушува угледот на СЈО затоа што, како што вели, таму има многу добри обвинители и јавноста треба да има доверба во нив.

На прашањето за оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Рускоска вели дека оставката е во лош тајминг.

-Некако мислам дека е избран лош тајминг за оставката. Сега за сега имаме некоја поврзаност на првоосомничениот со некој обвинител, но до каде е поврзаноста, дали навистина имало влијание, па во краен случај и земање пари, ние навистина како јавно обвинителство немаме докази, сега, во овој момент. Така што инволвираноста на јавен обвинител во овој случај сега не можеме да ја докажеме, вели Рускоска.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Врнежливо време со температури до 17°C

Read more

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more
 

Вести

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе